Дознајте сè за OneID, првата македонска услуга за електронска идентификација од интерактивниот вебинар кој се одржа на 21 март 2024. Како функционира ОneID, за кого е наменета, како е регулирана и на кој начин ќе ви го олесни бизнисот? Ова се само дел од главните теми на кои зборуваа нашите говорници Сузана Тасевска од KIBSTrust и Виктор Крстевски од NextSense.
*
OneID е првата шема за електронска идентификација од Македонија која е регистрирана во соодветниот регистар што го води МИОА. OneID е изработена и сертифицирана согласно европските стандарди и Регулативата еIDAS и согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Со OneID во земјата се отвора ново поглавје во дигитализацијата на процесите за широка палета на услуги за граѓаните и правните лица.
Услугата овозможува онлајн идентификација на корисници преку мобилен уред со високо ниво на сигурност и доверба. OneID обезбедува потврдена електронска идентификација со точни лични податоци добиени од Централниот регистар на население на Република Северна Македонија.
OneID, освен што ги исполнува строгите услови определени со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, исто така ги исполнува и барањата и условите од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам. Обезбедувањето на електронска идентификација е целосно усогласено со Законот за заштита на лични податоци (односно GDPR) и стандардите ISO 27001 и ISO 20000.